29.10.2022

Екипата од Аеродром беше рамноправен ривал во најголем дел од првото полувреме, но загуби од фаворизираната Цедевита Олимпија (73:93)

АБА ЛИГА: „Металците“ не ги издржаа нападите на „змаевите“

МЗТ Скопје Аеродорм имаше сили да игра во егал со фаворитот во АБА лигата, Цедевита Олимпија само во првото полувреме, Рамноправни 18.минути одиграа „сино-белите“ во славниот „Тиволи“, но тоа беше недоволно за краен успех на тешкото гостување во Љубљана. 

ЦЕДЕВИТА ОЛИМПИЈА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ          93:73

Екипата од Аеродром имаше добри десет минути од средбата во „Тиволи“. Дури и го имаа водството „сино-белите“ (18:17).

Во исто темпо продолшина и во вториот период од играта. Рамноправен во скоро сите параметри на кошаркарската игра. Барем до последните две минути, во кои по поентирањето на одличниот Мичовиќ (негов 13.поен) за (37:36), Цедевита Олимпија направи серија од (7-0) за највиски (44:36), со кои се заврши првото полувреме. Помалку и пребисоки, со оглед на случувањата на теренот, каде во ниту еден момент нашиот претставник не беше во подредена улога.

Снажниот Омиќ уфрли 11, а брзио Ферел уште 10.поени за домашниот тим во првиот дел од мечот.

Во оној вториот, екипата од Љубљана почна да го оправдува епитетот на фаворит на овој натпревар. Имаа домашните кошаркари и водство од 20.поени (66:46) во 26.минута. Во преостанатите четири од третата четвртина, МЗТ Скопје Аеродром, намали на (55:70).

Истото резултатско растојание беше и по 35.минути (82:67). А и некоја минута подоцна (85:70), кое Цедевита го одбрани и стигна до планираната победа.

Мичовиќ финишираше со 25.поени, Војдан Стѕојановски имаше 11, а Ајви додаде уште 10. поени во екипата од Скопје.