Многу работи беа јасни по 20.минути играње во беградската Арена кога Партизан веќе имаше плус 20. Во продолжението од натпреварот се чекаше само конечниот епилог на средбата во која евролигашот демонстрираше моќ
ПАРТИЗАН – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 120:67
Тешко е да се игра против екипа како Партизан, креирана да ја освои АБА лигата и да се пласира во ТОП 8 од Евролигата, а уште потешко кога „црно-белите“ погодуваат со скоро 80% на успешност во обидите од од поле.
Така се одвиваа работите во првото полувреме од дуелот во белградската „Штарк“ Арена. Или 20.минути во кои фаворизираниот домаќин обезбеди предност од 20.поени (54:34) против македонскиот рвак.
„Црно-белите“ погодија седум тројки од девет обиди, имаа и 11/14 во обидите за два поени, што уште повеќе ја усложни работата на гостите од Скопје во тоа прво полувреме во кое стигна потврдата за тоа кој ќе биде конечниот победник.
Навистина, МЗТ Скопје Аеродром погоди шест тројки (но од 17.обиди), а Д.Стојановски и Кафи имаа по девет реализиции во првото полувреме од мечот во кој дебитираа двете нови засилувања, Кеандре Кук и Абдул-Малик Абу, но без сериозен поентерски ефект во тие 20.минути (само еден поен, гледано комбинирано).
Да биде проблемот уште поголем, токму Кук заработи повреда на рамото, поради што не го продолжи натпреварот.
Далеку „подолгата клупа“ му овозможи на тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ да продолжи да „ротира“ и да продолжи во истото темпо и во продолжението од средбата. Веќе на истекот на третиот период домаќините имаа и највисоки (84:51).
На неговиот колега не му преостана ништо друго туку своите мисли да ги усмери кон она што следува. Дуелот од 16. коло, наредниот викенд, на 21.јануари (сабота, 17.часот) кога во Скопје гостува уште еден голем фаворит, подгоричка Будуќност.
По 15. одиграни кола „аеродромци“, очекувано, остануваат на две пообеди од првиот дел од АБА лигата.