Македонскиот шампион имаше егал игра и резултат во три четвртини. Но застана во последната, онаа најважната. И остана без победа на гостински терен, барем засега...
МОРНАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 93:84
На гостувањето во Бар само за момент останаа кошаркарите од Аеродром, тоа беше добар сигнал, пред се за Марко Пецарски, за да го зададе решавачкиот удар. И во еден од натпреварите од типот „да се биде или не“, Морнар стигна до злато вредната победа.
Таа последна четвртина и го одбележа мечот во популарната „Тополица“ во Бар, која нема да им остане во добро на гостинските кошаркари, кои се чини, ја имаа контролата над случувањата на теренот.
Претходно, во еден момент гостите од Скопје имаа и предност, намар не поголема од седум поени.
Со нерешени (68:68) почна последниот период, оној во кој Морнар го пронајде патот до победата, и тоа преку високиот Марко Пецарски за кој едноставно скопските „сино-бели“ не пронајдоа одговор, и мора да се помират со нов неуспех, и уште помал „простор за маневар“ во трката за опстанок во регионалното натпреварување.
Повеќе расположени поединци имаше екипата од Бар. Затоа што освен Пецарски, во екипата на тренеот Михајло Павичевиќ одлично, особено во првото полувреме функционираше Грегор Глас, што заедно со добро препознатливиот шут од далечина, се покажаа и како премногу за МЗТ Скопје Аеродром.
Екипа во која добро функционираше двоецот Кук-Аби, само на моменти знаеше да се „појави“ и Кафи. Но сето тоа не беше доволно за прва гостинска победа која така очајнао ја бара нашиот првак во АБА лигата.
Останува на три победи, но сега, со еден меч помалку, и помали шанси да го направи тоа.
На ред е нов натпревар на домашен терен, но по возбудувањата во националниот Куп, претходно и првенствениот дуел со Навико Академија ФМП.
Абу заврши со 20.поени и пет скока, Кук застана на 17 поени, додека Кефи даде 13, но имаше и осум асистенции и седум скока, Миќовиќ дополни со девет, а В. Стојановски со осум поени.