27.11.2022

Кога беше најпотребно, во СЦ „Јане Сандански“ совладана е младата екипа на Мега Мис со сигурни (94:82)

АБА ЛИГА: МЗТ Скопје Аеродром го пронајде патот до победата

Кошаркарите на МЗТ Скопје по трите порази во низа, конечно дојдоа до вториот триумф сезонава во АБА-лигата. По голема борба, ја совладаа Мега МИС

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ - МЕГА   94:82 

Аеродромци клучната предност ја обезбедија со серија 11-2 во вториот период кога негативата од четири поени ја претворија во првото поопипливо водство (38:33) со кое го најавија крајниот епилог.

Гостите до крајот на првото полувреме спуштија на минус два (38:40), но „сино-белите“, со нова слична серија, го почнаа третиот дел, за да дојдат до плус 9 (49:40).

Гостите од Белград немаанамера да се предадат. Со подобрена скок-игра. Доста извеени слободни фрлања, се одруваа во игра за позитивен скор во СЦ „јане Сндански“.

Сепак, новакот кај „сино-белите“, Александар Бурсаќ, врза две тројки за највисоки на мечот (73:63) за домашниот тим.

А победата ја потврдија Кефи и Д. Стојановски со тројка, и Мичовиќ со кош по офанзивен скок за (90:73), а кога останаа да се доиграат само уште две минути до крајот.

Бре Ајви со 15 поени, четири скока и шест асистенции беше најдобар кај македонскиот претставник, додека Војдан Стојановски и Кафи постигнаа по 12 поени.

Следен ривал за составот од Аеродром во АБА конкуренцијата е Игокеа предводена од екс-селекторот на Македонија, Драган Бајиќ во натпревар које предвидено да се игра следната седмица, на 4. декември (од 21.часот) во Александровац.

Во меѓувреме, веќе во вторник, „металците“ им се враќаат на домашните обврски. На домашен терен го пречекуваат новакот во Првата лига, екипата на Чаир 2030.