МЗТ Скопје нема намера да се предаде, и така лесно да се прости од играњето во најквалитетното натпреварување на овие простори. Го покажа тоа екипата од Аеродром на едно легендарно место, кое значи многу европската кошарка.
На сплитско „Грипе“...
Лишени од помошта на првиот тренер, Драган Николиќ, но со голема верба во себе и своите можности, македонскиот шампион дојде до првата, и се чини досега најважна победа во сезоната на гостински терен од регионалното натпреварување.
СПЛИТ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 74:77
Силн оверуваа во себе кошаркарите во „сино-бела“ комбинација. Го најавија тоа од самиот почеток на средбата во Сплит. Предводени од одличниот Војдан Стојановски им дадоа на знаење на „жолтите“ дека се дојдени „да умрат ако треба за да победат“.
По израмнетиот прв дел во кој сепак домашниот тим се стекна со водство од (24:20). МЗТ Скопје заигра особено добро во втората четвртина. Она што досега не беше нивен заштитен знак – одбраната, делуваше доста добро, иако реално и сплиќани имаа проблеми со реализацијата.
Како „резултат“ на тоа беше и водството на аеродромци на полувремето (39:31).
Третата четвртина беше реприза на првата, и во буквална смисла на зборот. Ја доби домашниот тим со идентични (24:20), во голема мерка поради расположеноста на двоецот Шортер-Нелсон, кој за малку комплетно ја поништи солидната предност на „сино-белите“, која во одреден момент изнесуваше и десет поени. Како на пример во 25.минута, кога по тројката на Војдан Стојановски, тимот од Аеродром имаше и плус 10 (49:39).
За две и пол минути, Сплит одговори со серија (9-0), и намали на само „половина кош“ (53:54). Поените на Вер, и тројката на Дамјан Стојановски донесоа нешто порелаксирана состојба за гостите од Скопје, (59:53). Но во чевртината на одлука, нашиот претставник влезе со нешто пониски (59:55).
Битен момент во играта на нашата екипа е што во ниту еден момент до крајот, не му дозволија на противникот да поведе, напротив...
По тројката на Кефи и забивањето на Бурсаќ, МЗТ Скопје поведе и со највисока разлика, (72:60). Но до крајот требаше да се играат уште долги, 5:44 минути.
Со ново „подигнување“ на екипата во жолта комбинација. И втора серија, сега од 11-2), за негатива од само три поени, и 1:19 минута за доигрување.
А потоа слеудваше и потегот на вечерва во „грипе“, односно тројката на Кефи, пред истекот на нападот за плус 6 (77:71). Навстина, го преполови тројката на Саливен, но само за конечен резултат.
Голема, толку посакувана побеза за МЗТ Скопје која ја бараше низ целата сезона, а ја пронајде во вистински момент.
Шеста вкупно во сезоната, исто колку што има и нивниот конкурент Борац, во битката за место кое води во баражот. Екипата од Чачак, има натпревар повеќе. Но во недела навечер на гости во салата „покрај Морава“, им доаѓа евролигашот Црвена Ѕвезда која важи за голем фаворит во тие 40.минути.
А во оние последните ќе биде решено, се чини, се.
МЗТ Скопје во Аеродром ја пречекува Цибона, Борац оди на тешко гостување во Подгорица, против екипа која игра во Еврокупот – Будуќност.
Она што МЗТ Скопје требаше, го направи во Сплит. Јасно е, не зависи се од „сино-белите“, но шансата е тука, постои, сеуште...
Ја донесоа сите десет играчи кои младиот тренер Васко Атанасов, ги внесе во игра, па дури и Пандев, кој остана на клупата.
Поединечно, Војдан Стојановски го предводеше својот тим со 16 реализации, неговито брат Дамјан постигна 13, Бурсаќ даде 12, а Кефи уште десет, три од нив, оние последните – пресудни за победникот на „Припе“.