МЗТ Скопје Аеродром стигна до посакуваното, победа над Цибона во последното коло од регуларниот дел на АБА лигата, два бода со кои „побегна“ од последното место на табелата. Макар и привремено. А дали ќе биде конечно, не зависи само од четата на Драган Николиќ.
Утре навечер аеродромци ќе го чекаат исходот од натпреварот во Подгорица, каде Будуќност е фаворит против чачански Борац, конкурентот на македонскиот првак за опстанок во регионалното натпреварување.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ЦИБОНА 87:74
Натпревто кој мораше да го добија „сино-белите“ не го одиграа како што треба, особено тоа се однесува за првото, очајно по нив, прво полувреме.
Не бадијала се вели дека секогаш е најтешко да се играат добиени натпревари“ а токму таков беше вечерашниот во СЦ „Јане Сандански“.
Посебно надвор од мечот беа „металците“ во вториот период од играта во кој на Цибона, која одамна го обезбеди местото во лигата на Јадранот и за наредната сезона, им дозволија да стигне до бројка од 53. реализирани поени. А дадоа дури 12. помалку.
За високи, за убедливи (53:41) за гостите од Загреб...
По паузата од 15. минути, и тоа како потребна за домаќините, на теренот како да излезе еден сосема поинаков тим на МЗТ Скопје Аеродром. Многу подобар, секако...
Кога видоа дека се блиску до бездната, „сино-белите“ ја одиграа веројатно и четвртината на сезоната. Факт е дека имаа „помош“ од противникот, но да се направи, парцијално гледано (30-5) за десет минути, и не е баш така мала работа.
„Повлече“ Бурсаќ, кој доби многу поголем број на минути поради отсуството на повредениот Миќовиќ, погодуваше тројки и во првото полувреме, висок интензитет на играта даде секако Кефи, но и Војдан Стојановски.
Се беше поинаку и на семафорот во салата, добро пополнета во Аеродром.
По три одиграни периоди „се дишеше многу полесно“, домашната екипа која мораше да победи, водеше, со (71:58).
Многу полесно играа „металците“ во финалниот период, во кој имаа и поголема предност, „цибосите“, евидентно, се предадоа, доволно за знак за почеток на голема радост во гледалиштето кое ја прослави и седмата победа на македонскиот првак во сезоната.
Дали ќе биде доволно за местото, претпоследно, на кое е во овој момент, и кое води во доигрувањето за опстанок, ќе (по) каже токму дуелот во подгоричка „морача“.
Аеродромци ќе „навиваат“ за Будуќност.