18.11.2022

Аеродромци лошо почнаа, имаа добра средишница, и невидено добар финиш, не го победија подоброрангираниот ривал во Железник, (97:101)

АБА ЛИГА: МЗТ Скопје му се закани, но не го изненади ФМП

Шестти пораз во седмиот одигран натпревар запишаа вечерва кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во АБА конкуренцијата. По репрезентативната пауза, загубија на гостувањето во Железник, подобри од нив, во еден натпревар кој имаше и драматичен финиш и „пенал-завршница“, беа кошаркарите на ФМП. 

ФМП – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ         101:97

Многу лош старт имаа „сино-белите“ во Железник. Му дозволија на квалитетниот противник во нецели три минути да изгради двоцифрена предност (13:2). Но го имаа искусниот Војдан Стојановски со чија помош се вратија во некоја играчка, а потоа и резултатска нормала.

Во наредните три минути МЗТ Скопје Аеродром се доближи на поен негатива (17:16). Но тие офанзивни минути беа малку, затоа што до истекот на тој прв период, ФМП испорача дури 33.поени, за сосема солидни (33:24).

Периодот број 2 беше и најдобриот за екипата од Скопје. И најефикасниот, доволно да се врати комплетно назад во натпреварот. До полувремето ја анулира негативата, и на одмор да дојде со минусни два.

Водеше  со (57:55) МЗТ Скопје Аеродром по поентирањето на Јигитоглу, а потоа и на Ајви во првите два напади од третата четвртина.

Но уследи нова серија на поени за ФМП. Дури 15 без одговор дадоа домашните кошаркари. И повеќе од доволно за да го вратат водството, за жал, одново на двоцифрено (71:59). А потоа да имаа и највисоки (76:61), или серија од (21-4), по „минималецот“ на МЗТ Скопје Аеродром, по 28.минути од играта во Железник.

Во оној последниот не дојде нов „одговор“ на МЗТ Скопје. Евидентна слабост беше играта во одбраната. Доста лесно стигнуваа домаќините до реализација, за што зборува и бројот на уфрлените поени.

Евидентна слабост беше играта во одбраната. Доста лесно стигнуваа домаќините до реализација. Но „закочија“ на бројот 92. Доволно „металците“ комплетно да „оживеат“, и преку Кафи и Мичовиќ да стигнат и до шанса да го однесат натпреварот во продолжение.

Шансата не ја искористи еден од најдобрите. При резултат (97:95), на 11.секунди пред крајот, Кафи не го погоди второто слободно фрлање. По реализацијата на Џенкинс, за (99:96), стручниот тим на ФМП не сакаше „втор ризик“. Брзо го фаулираа Кафи, овој одново беше половичен од линијата за слободни фрлања, па шансата за изненадување отиде во неповрат.  

Токму Кафи и Мичовиќ дадоа најмногу – по 18.поени, Јигитоглу, имаше 16, а В.Стојановски 15. Двоцифрен број на поени имаа и Ајви (11) и Магдевски (10), но недоволно за успех во најдобриот меч на МЗТ Скопје на гостински терен во оваа сезона.

По седум одиграни натпревари, екипата од Аеродром останува на една победа, а шанса за втора ќе има следниот викенд, односно на 27.ноември, на домашен терен, против уште една српска екипа – Мега.