МЗТ Скопје Аеродром играше сосема добро, на моменти и одлично на гостувањето во Лакташи. Во последните две минути, „сино-белите“ стигнаа и до нерешен резултат на ова тешко гостување, (86:86). Но останаа без доволно енергија за комплетен пресврт, па победата остана за Игокеа.
ИГОКЕА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 96:90
Кендрик Реј беше нерешлива енигма за одбраната на нашиот првак. Американецот имаше вистинска напаѓачка експлозија во Лакташи. Само во првото полувреме испорача 24.поени од оние 56 кои ги даде домашната екипа за 20.поени за 17. минути.
И според прикажаното, превисоко водство од девет поени, (56:47).
Му парираше Кефи на другата страна од теренот, уфрли одличниот Американец 13 поени за македонскиот претставник.
Во раната фаза од третиот дел, МЗТ Скопје стартуваше со пет поени, за да фати нов резултатски приклучок. Како што беше видено во неколку претходни ситуации од првото полувреме.
За нецели три минути „металците“ направија серија од (10-3) за дефинитивен приклучок (57:59).
И доста израмнето продолжение на играта во тој трет дел. Макар што Игокеа имаше постојано водство, но во ниту еден момент не беше двоцифрено.
Бурсаќ беше вториот двоцифрен играч во гостинската екипа, а по реализацијата на Крстевски, МЗТ Скопје Аеродром заостануваше четири поени (66:70) на влезот на последната минута. А со четири поени по ред, Ајви се погрижи тој минус да биде уште помал (70:72) на истекот на четвртината.
Лошо тргнаа „металците“ во онаа четвртина на одлука, веднаш влегоа во висока негатива (73:84).
Но најдоа сили одново да фатак приклучок Да ја преполоват (81:86), по тројката на Мичовиќ и до (84:86) во средишниот дел. А кога положи Јигитоглу, МЗТ Скопје Аеродром влезе во егал (86:86) по серијата од (13-2), и го натераа тренерот на Игокеа, Драган Бајиќ на тајм-аут во пресрет на финалните нецели четири минути.
Мичовиќ ја одигра можеби и четвртината на сезоната, и погоди за прво водство на скопјани, (88:86). Но во наредните два напади, погоди и Делалиќ, и тоа за три поени. За промена на водството (92:88) на 1:46 минути пред крајот, и тајм аут за Петровиќ.
Делалиќ беше „џелатот“ за МЗТ Скопје Аеродром, положи и за (94:88), и стигна до рекордот на сезоната, откако комплетираше десет поени (осум одлучувачки).
Во наредното, 10. коло од АБА лигата, нашиот првак ќе игра на домашен терен, а за противник ќе ја има екипата на Борац од Чачак, директниот конкурент во битката за опстанок во регионалното натпреварување. Натпреварот е закажан за 10.декември (сабота), со почеток од 16.часот. во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.