Дефанзивното лошо прво полувреме во кое му дозволија на противникот да постигне дури 62 поени, беше основната причина за новиот пораз на МЗТ Скопје Аеродром во Јадранската лига, за нашиот шампион 15 во 17 одиграни мечеви.
СТУДЕНТСКИ ЦЕНТАР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 103:85
Играта во одбраната беше сериозен проблем за македонскиот првак и на ова ново гостување во Подгорица.
Беше „видливо“ од самиот почеток на средбата во „Морача“. Во првите десет минути кошаркарите на Студентски Центар реализираа дури 36.поени. Нашиот првак даде 28, но како одминуваа минутите, така МЗТ Скопје Аеродром се повеќе го губеше оној играчки ритам.
Во средината на втората четвртина го регистриравме и првото двоцифрено водство на домашната екипа (52:42).
Но тоа беше вовед во уште послаба реализација на скопските „сино-бели“. До крајот на првото полувреме Студентски Центар изгради уште повисоко водство, кое изнесуваше 15.поени (62:47).
Само на моменти, добра офанзивна игра во нашата екипа прикажаа Кефи (десет поени), Миќовиќ (8), браќата Стојановски и Вер, кои имаа по седум реализации.
На другата страна веќе имаше четворица играчи со двоцифрен број на поени, кои ги предводеа Џексон со 14, односно Славковиќ со 13. По десет имаа Бачовиќ и Тасиќ.
Навистина, МЗТ Скопје Аеродром тргна добро во третиот дел од играта. Успеаја аеродромци да ја симнат негативата на едноцифрена. Да се доближат до (57:66) по три минути игра.
Но тоа беше со „краток рок на траење“. Брзо се вратија „сино-белите во играчка летаргија, за што добија уште една казна. Му довзлија на противникот да поведе и со 20.поени предност. А на истек на третата четвртина Студентски Центар водеше со (86:64).
На крајот, Кефи и Миќовиќ завршија со по 20. реализации, Војдан Стојановски имаше 11, а капитенот Дамјан Стојановски уште 10..
Во следното коло, екипата од Аеродром ќе има нова прилика да го прекине поразителниот низ. Но ќе им биде особено тешко затоа што на 4. февруари во Скопје, доаѓа одличниот состав на Олимпија Цедевита.