МЗТ Скопје Аеродром по пауза од четири години се врати во друштвото на најдобрите екипи од поранешните простори, наречена АБА лига.
И на стартот на новата сезона, „металците“ не можеа да имаа потежок противник. Актуелниот освојувач на Јадраската лига, и тоа на гостински терен
Во Белград, Црвена Ѕвезда стигна до убедлива победа против нашиот најдобар тим во изминатите сезони.
ЦРВЕНА ЅВЕЗДА – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 87:67
„Сино-белите“ добро се снаоѓаа во првиот период од играта, доста „сиромашен“ и според бројот на постигнати поени, но и според прикажаното. Тешко се поенираше, а гостите од Скопје беа во минимален минус (9:10) пред Холанд да даде тројка за (13:9).
Нашиот единствен преставник во оваа конкуренција добро спарингуваше до средината на вториот период, би се рекло скоро и „незабележително“, големиот фаворит брзо стигна до двоцифрен плус (23:13), а полувремето го затвори со највисоки (39:22).
Бојан Крстевски имаше своја офанзивна роља, заокружена со десет поени, а добра логистика, макар на моменти, доби од Војдан Стојановски.
Лош момент за нашата екипа, освен лошата организација на нападот, беа и трите, пребрзо заработени лични грешки на капитенот Дамјан Стојановски, кој се врати назад во игра на почетокот на третиот период. Оној во кој „црвено-белите“ беа и на плус 20 „и кусур“, (35:63) во 26.минута.
Со помош на Војдан Стојановски (стигна до 17.реализации), гостите „се симнаа“ на (42:62), за тој трет дел да биде затворен со (65:47) за бранителот на „прстенот“ во АБА.
Во последниот доста израмнето, дури во одредени делови македонскиот првак во чиј состав ги немаше Мекиќ и Максвел, ја сведе разликата на уште пониска. По неколку поентирања на новакот Мичовиќ, а по уште едно на Крстевски (негов 14.поен) беше подносливи (59:74), на нецели четири минути пред крајот на премиерниот меч. Одлични минути во последната четвртина имаше и младиот Јигитоглу (финишираше со дабл-дабл ефект од 12. поени и 14. скокови)
Веќе во наредниот викенд, МЗТ Скопје Аеродром ќе има уште еден голем предизвик. Во СЦ „Јане Сандански“ гостува уште еден великан – белградски Партизан.
Натпреварот е закажан за 10. октомври, а почнува од 16.часот.