25.03.2023

Баражот е многу далеку, очајно полувреме во Чачак за МЗТ Скопје Аеродром, пораз (84:105) и скоро извесен крај на „пловидбата“ по Јадранот...

АБА ЛИГА: Сите надежи на „металците“ потонаа во Морава...

Само теорија за МЗТ Скопје Аеродром по вечерашниот пораз на гостувањето во Чачак. Очајни 20 минути одиграа избраниците на тренерот Драган Николиќ во мечот на одлука, Борац знаеше да го казни тоа, стигна до триумф кој ги носи многу блиску до баражот за опстанување во АБА лигата.

БОРАЦ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ     105:84

Само седум минути играа добро кошаркарите од Аеродром. Кога по доброто поентерско расположение на Војдан Стојановски и Кук, имаа егал резултат (17:17). Но во наредните три му дозволија на противникот да постигне 12 поени во серија, дадоа два, доволно да влезат во голем, двоцифрен минус (19:29).

А како одминуваа минутите, така паѓаше играта на „металците“. Во 13 минута, по двете, по ред, тројки на Радоњиќ, домаќините поведоа со највисоки (41:24).

Па уште еднаш мораше да реагира Драган Николиќ. „Потроши“ уште една минута за советување, како понатаму во натпреварот на одлука.

Без вистинска реакција на неговите играчи, влезе македонскиот првак во уште поголема негатива (29:53).

За уште поголем малер, сега, по сите актери на оваа средба на одлука, во 19 минута од игра, при резултат (55:35), снема и електрична енергија во салата во Чачак, поради големото невреме кое ги зафати тие краишта во Србија.

Минути во кои во записникот и графата на поени од МЗТ Скопје се запишаа само пет кошаркари. Кук имаше 11 реализации, В. Стојановски девет, еден помалку даде Миќовиќ, Кафи четири, а Абу уште три.  

Но ниту она малку време кое преостана за игра по таа неочекувана пауза, не донесе ништо добро за екипата од Скопје.

Полувремето за заборав заврши со неверојатни (57:35) за директниот конкурент во трката за опстанок.

Ниту наредната пауза, сега од 15 минути, не донесе ништо ново во играта на „металците“, Се што направија е намалување на негативата на „само“ 17 поени. Но Борац имаше навистина неколку расположени играчи во нападот, погодуваа токму во моментите на обиди на скопјани дда се „симнат“ на уште пониска негатива. Можеби заиграа нешто подобро во нападот, но останаа без одбрана гостинските кошаркари.

На истекот на третиот период,Борац имаше сигурни (87:65), или идентичен плус како и на полувремето.

И вовед во нов пораз за МЗТ Скопје, по кој сега, на три кола пред крајот, скоро невозможна е мисијата за МЗТ Скопје. Аеродромци се на два чекори зад екипата од Чачак, која ги доби и двата меѓусебни натпревари.

На „сино-белите“ ќе им требаат три победи во дуелите со три екипи од Хрватска, Цибона и Задар дома), и Сплит (гости), но и исто толку порази на Борац, екипа која ја чекаат дуели со Сплит и Будуќност на гостински, и со Црвена Звезда на домашен терен.