22.12.2022

Македонскиот шампион играше променливо во три, а сосема скромно во четвртината на одлука, сплиќаните казнија и победија (85:80)

АБА ЛИГА: Трае „јадранската криза“ во редовите на МЗТ Скопје, бодовите од Аеродром ги однесе и Сплит

Променливо прво полувреме во СЦ „Јане Сандански“, слипно и во второто, но сиромашно со поени, и нов пораз за македонскиот шампион во регионалното натпреварување,

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – СПЛИТ         80:85

Вистинска штета е што „металците“ водеа на полувремето „само“ со (41:40). Пред се затоа што испуштија убаво водство, кое на две минути пред одморот изнесуваше цели девет поени (41:32).

Сплиќани направија серија од (9-2) со која ја вратија неизвесноста на мечот во СЦ „Јане Сандански“, и делумно му вратија на домаќинот за она што го направи неколку минути порано.

„Сино-белите“ беа тие кои не само што надокнадија слична негатива (21:30), туку ја претворија во солидно водство, кое за жал, го загубија во само две миути. И имаа залиха од само „половина поен“, на одморот.

 Во второто полувреме, додабр старт на гостите од Сплит, но и поентерско „појавување“ на Кефи во мечот. 

Токму Кефи, со поддршка од Војдан Стојановски успеваа да го одржат тоа, макар и минимално водство на домашната екипа, (56:53), кое со „два плус еден “ играта на В. Стојановски порасна и на (59:54) во 29.минута од играта. Двајцата искомбинираа 18, од оние 22 поени за МЗТ Скопје Аеродром во третата четвртина која нашиот првак ја доби со (22-18) за  водство од (63:59).

А максимално „сиромашна“ беше онаа последната, особено тоа се однесува за МЗТ Скопје. Цели пет минути, аеродромци не успеваа да го пронајдат патот до противничкиот кош.

Не беше нешто подобар ниту противникот, даде шест...

Но доволно да го преземе водството (65:63), и да го натера Александар Петровиќ да побара тајм-аут. Не делуваше добро домашната екипа во четвртината на одлука. Уште една лоша одбрана казни Мавра, со тројка, и постави (74:67) на 2:11 минути пред крајот. Тука некаде згаснаа и последните надежи дека МЗТ Скопје може да ја прекине поразителната серија во АБА лигата. Гостите знаеја да одиграат добро и во онаа т.н. „пенал-завршница“ и да победат, па нашиот претставник во АБА лигата станува на само две победи во 12.одиграни натпревари. 

Со само два расположени играчи, како Мајкл Кефи и Војдан Стојановски , сепак, тешко се победува во оваа конкуренција.