Раководството на АБА 2 лигата ги утврди и датумите на одигрување на натпреварите во третиот „балон“ за оваа натпреварувачка сезона, кој од 1. до 7. март.
Она што е особено за македонската кошаркарска јавност е дека дуелот помеѓу нашите два претставници во ова натпреварување, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, ќе се одигра на 3. март.
Интересно, со почеток во 11. часот.
Тоа ќе биде натпревар од 8. коло од регионалното натпреварување.
Во 9. коло, на 5. март, екипата од Аеродром ќе игра со црногорски Ловќен 1947 (од 12 часот), додека пак Работнички го чека дуелот со уште еден претставник од Црна Гора, екипата на Сутјеска од Никшиќ (средбата стартува во 16.часот).
Седумдневното гостување во главниот град на БиХ, нашите две екипи ќе го завршат на 7. март.
Од 12.часот, Работнички ќе игра против Широки, додека пак два часа подоцна, од 16.часот, МЗТ Скопје Аеродром ќе игра против Младост од Земун.
По седум одиграни кола, со скор (4-3), МЗТ Скопје Аеродром е на делба на четвртото место, додека Работнички ја дели позицијата 10, со скор (2-5), колку што имаат уште три екипи во оваа конкуренција.