28.04.2020

ACB бара од Евролигата да го усогласат календарот

Големиот број на натпревари и „поклопување“ на датумите е проблем со кој се соочуваат шпанските клубови кои треба да играат во двете натпреварувања...

 

После врвот на епидемијата, пред се во оние најпогодени земји како Италија и Шпанија, кошаркарските лиги полека но сигурно, почнуваат да прават планови за продолжување на натпреварувања.

Евролигата веќе најави дека завршницата на сезоната ќе се игра во текот на јули, но проблем плус е тоа што поголем број на европските лиги планираат да ги завршат своите натпреварувања во текот на најтоплиот месец во текот на годината-јули.

Претходно, раководниот тим на шпанската ACB лига направи формат, кој подразбира одигрување на планираните мечеви во текот на јули, што значи дека би дошло до одредени „поклопувања“ со оние на Евролитата.

Во тој случај, од Барселона најавија дека би играле само во елитното европско натпреварување.

Проблем за кој говори и Антонио Мартин, претседателот на лигата Ендеса, кој најавува обид за договор со Евролигата околу термините кои не би го пореметиле оној завршен дел од националното првенство.

„Реалноста е таква, ништо не е сигурно. Кога е тешко само во рамките на една земја да се организира натпреварувањето, тогаш можете да замислите колку проблеми постојат кога се игра кошарка на целиот континент“- истакнува Мартин.

Додава дека лигата со која раководи веќе направила план за натпреварување. Дека бројни клубови испратиле пријави да бидат домаќини, и дека сега се зависи од договорите.

„Го направивме распоредот, и одредивме 31.мај да биде како последен ден до кој треба да се донесе одлука. До 10.јули треба да завршиме со сезоната. Мораме да работиме паралелно и да направиме консензус. Има доволно време. Мислам дека Евролигата нагласи дека сака натпреварувањето да заврши до 31.јули. Но, вистината е таа дека не можеме да играме без одредени клубови и без поставување на рокови. Се надевам дека се ќе дојде на своето место и дека клубовите ќе може да се натпреваруваат во двете натпреварувања“- додава првиот човек на најсилната лига на светот.

 

Натпреварување во кое имаме и свој претставник во репрезентативецот Ненад Димитријевиќ, кој со својот Хувентуд е еден од 12. клубови кои добија шанса да се борат за шампионската титула на посебно организиран турнир чиј домаќин ќе биде одреден во наредните денови.

Секако под услов тоа да го дозволуваат здравствените и безбедносни услови на Иберискиот Полуостров кои во овој момент се далеку од оние во кои може да се игра некоја нормална кошарка.