12.05.2020

Во следната сезона да нема доигрување за шампионска титула...

ACB им предлага на клубовите, сезоната 2020-2021 без плеј-оф?

Челниците на ACB излегоа со еден доста интересен предлог, или подобро речено идеја која предвидува во наредната сезона 2020/2021, во шпанската елитна лига нема да има плеј-оф.

Предлогот за промена на форматот и за шампион во Лига Ендеса во 2021 година е резултат на можноста догодина, лигата да има 20, наместо моменталните 18 екипи.

Раководството на ACB сеуште нема донесено одлука дали ќе има промоции од ЛEB ОRO (втора дивизија на Шпанија).

А се чини дека во овој момент ситуацијата се движи кон насоката во следната сезона 2020-2021 бројката на екипи-учесници да биде 20.

Доколку ова стане официјално, тогаш алтернативен план е да има поделба на тимовите во две групи од 10, и сепак да има плеј-оф на крајот на сезоната.

Во ACB се размислува за укинување на плеј-оф делот во сезоната 2020-2021, најмногу поради напорниот распоред во кој се вклучени и меѓународните натпревари како што се квалификациите за Евробаскет 2021 и квалификациите за Олимписки игри во Токио кои беа одложени пред извесно време.