Секако, доколку се обезбедат нормални услови, вкупно 12. клубови ќе го продолжат натпреварувањето. Хувентуд меѓу нив, директен опстанок за Реал Бетис... Прашање е само каде ќе се игра завршниот турнир.
Челниците на АЦБ лигата го одобрија предлогот оној преостанат дел од сезоната да се одигра според единствен турнир систем, чиј почеток се очекува да биде на 15. јуни!
После седницата на Собранието на АЦБ лигата, усвоен е предлогот според кој 12. екипи ќе се најдат на едно место. А прашањето за новиот шампион на најсилната европска лига ќе биде одредено по систем на поделба на тимовите во две групи. Потоа следуваат полуфинале и финале, односно по две најдобри екипи од двете групи ќе играат плеј-оф.
На тој турнир ќе се најдат дванаесет најдобри тимови во досегашната табела во АЦБ лигата.
Односно, Барселона, Реал Мадрид, Сарагоса, Тенерифе, Билбао, Андора, Уникаха, Валенсија, Сан Пабло Бургос, Баскониа, Гран Канарија и Хувентуд.
Меѓутоа, уште не е познато каде би се играл тој турнир. После предлогот на Гран Канарија, да се игра на Тенерифе, барање за домаќинство поднела е екипата на Андора.
Како што е одлучено на состанокот, оваа сезона нема да има испаѓање од АЦБ лигата. Тоа значи дека Фуенлабрада и Естудијантес како две најслаби екипи ќе го задржат елитниот статус.
Засега не е одлучено дали ќе има промоција од Втората лига. Ако тоа се случи, во следната сезона АЦБ лигата би броела 20.екипи учесници.
Според предлогот, во групата „А“, во еднокружен систем, ќе разигруваат: Барселона, Тенерифе, Билбао, Баскониа, Уникаха и Хувентуд, додека во групата „Б“ се : Реал Мадрид, Сарагоса, Андора, Валенсија, Сан Пабло Буртгос и Гран Канарија.
Тоа значи уште најмалку пет мечеви ќе одигра Хувентуд на нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, додека со оваа одлука е означен крај на обврските во оваа сезона за Шејн Витингтон и неговиот клуб, Реал Бетис.
Од лигата најавија дека и 31.мај е последниот рок кој ќе треба да биде испочитуван во поглед на здравствената ситуација во Шпанија.
Доколку ситуацијата со пандемијата предизвикана од корона вирусот биде нормализирана, клубовите ќе имаат тринеделни подготовки пред почетокот на завршниот турнир на кој би се одиграле вкупно 33.натпревари преку кои би се добил новиот шампион на Шпанија и одредил конечниот пласман за сезоната 2020/2021.