23.02.2023

„Одиме на победа и на позитивен исход, кој ќе ни ја донесе следната фаза“- вели нашето крило.пред вечерашниот дуел со Словачка

Адем Мекиќ: „И во Левице можеме да го 'репризираме' резултатот од Скопје“ (ВИДЕО)

Адем Мекиќ со репрезентацијата на Македонија се подготвува за следните два предизвика, последни во претквалификациската фаза за ЕП 2025. Првата пречка е Словачка, потоа следи гостување кај Норвешка.

За првиот дуел, вечерва од 18.часот, во Левице, Мекиќ верува во победа, а под услов нашите кошаркари се задржат до планот на игра.

„Можеме да го повториме резултатот од Скопје со Словачка. На ова гостување дојдовме со перфектен скор, тука секако веќе ни припаѓа и улогата на фаворит. Атмосферата во тимот е одлична, ситуацијата е таква што ни треба победа на еден меч за да обезбедиме сигурно прво место и пласман во понатамошната фаза. Тренираме добро, немавме голем период да се подготвиме, меѓутоа повеќето играчи се знаеме, тука е и Ти-Џеј Шортс кој е огромно засилување за нас, тоа го покажа претходно. Одиме на победа и на позитивен исход, кој ќе ни ја донесе следната фаза“- вели нашиот крилен играч пред дуелот во Левице. .

Македонија досега е перфектна во групата „Д“, има четири победи на четири средби.

 

КОИ СЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА КРИСТИЈАН НИКОЛОВ ПРЕД ПОСЛЕДНИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“