12.08.2021 Претквалификации за СП 2023 Со 16 поени зад своето име, Адем Мекиќ е најкорисниот играч во нашиот состав на вечерашниот натпревар кој го одигра сениорската репрезентација против Швајцарија во рамки на втората рунда од претквалификацискиот циклус за Светското првенство 2023. Мекиќ верува во своите соиграчи и е убеден дека на преостанатите три натпревари во оваа рунда ќе се покажеме во подобро светло. Вечерва, Македонија загуби од Швајцарија со 62-67. „Влеговме малку нервозно во натпреварот и малку конфузно во нападот. Иако во почетокот игравме навистина добро во одбраната, не бевме решителни во нападот и мислам дека целата таа ситуација придонесе да имаме тежок натпревар. Имавме притисок бидејќи сме на домашен терен. За среќа успеавме да надокнадиме малку помала разлика. Ништо не е загубено, имаме уште три натпревари и ќе дадеме се од себе да се поправиме и да се пласираме понатаму. Со неколку минути игра покажавме дека можеме и дека сме доста поквалитетни од нив, само ни недостасуваше добра енергија и релаксираноста во нападот. Мислам дека ќе биде подобро на наредните натпревар“ - потенцира Мекиќ