Адем Мекиќ беше еден од најдобрите на првите два натпревара од претквалификациите во Скопје.
Особено значаен беше неговиот придонес на дуелот со Словачка кога имаше „флеш-бек“ во последната четвртина, постигнувајќи осум поени во низа или вкупно десет во онаа серија од 20-0.
Прави мало навраќање на она што беше на овој турнир во Скопје.
„Во првиот натпревар влеговме со голема доза на нервоза бидејќи имаме домашен терен, но и млади и неискусни играчи во ростерот. Иако не бевме свои на тој меч, успеавме да се избориме за пристоен пораз кој нема ништо да значи ако денеска се поправиме и дојдеме до победа која ќе не однесе во следната фаза.
Во вториот меч влеговме многу посигурни и со поголема самодоверба што резултираше со убедлива победа. Мислам дека тој натпревар ни е од големо значење бидејќи видовме дека сме поквалитетни во однос на другите две репрезентации. Така очекувам да играме и вечерва и да дојдеме до триумфот“– посакува нашиот крилен играч.
Вечерва, од 19.часот, нè чека вториот натпревар против селекцијата на Швацарија кој ќе го одлуши и првиот „патник“ во квалификциите за Светскиот Куп 2023
„Првиот дуел со Швајцарија го одбележа нашата неефикасна игра иако во одбраната бевме одлични. Ако ја повториме играта во одбрана и вечерва, мислам дека ќе биде многу подобро.
Македонската репрезентација во моментов ја краси тимската игра и секогаш се трудиме секој да го направи своето, како во одбраната, така и во нападот“ - вели Мекиќ пред „реваншот“ со Швајцарија.