25.09.2021

Суперкуп „Драган Василов Цевка“- 2021

Адем Мекиќ: „Секој натпревар меѓу Работнички и МЗТ Скопје е приказна за себе“

Адем Мекиќ беше најдобриот поединец на овој натпревар од Суперкупот „Драган Василов Цевка“. Крилото на МЗТ Скопје Аеродром ја потврди репрезентативната форма, прикажа одлична игра, и што е најважно, му донесе нов трофеј на клубот од Аеродром.

За 28.минути поминати во игра, постигна 27.поени, имаше и седум скока, плус две асистенции.

„Секое дерби носи посебни емоции и посебна радост. Не се важни заедничките тренинзи, буџетите и слично, секој натпревар меѓу Работнички и МЗТ Скопје е приказна за себе. Добро е што се возобнови Суперкупот и што по подолго време игравме со публика бидејќи ова е тоа за што ние тренираме и играме. МЗТ Скопје секогаш ја носи фаворитската улога, има многу екипи кои направија одлични состави, но ние секогаш одиме на сите трофеи“, изјави Мекиќ.