Зад Ненад Димитријевиќ е веројатно една од најдобрите, ако не и најдобрата сезона откако пред пет години дојде во Шпанија. Видно зголемениот број на минути на теренот, му дадоа дополнителен елан, и пред се, уште поголема мотивација за игра на македонскиот репрезентативец.
А младиот бек на Хувентуд го покажа тоа во доста ситуации...
Сепак незаборавна е неговата напаѓачка креација на „дербито на Каталонија“, односно дуелот со Барселона.
Момент кој е окарактеризиран како трет најдобар потег во сезоната 2019/2020 во шпанската „Ендеса“ лига, зад оние на Џордан Мики (Реал Мадрид) и Џош Адамс (Уникаха).
Да се потсетиме уште еднаш како изгледаа тие десетина секунди кои донесоа вистински делириум во салата во Бадалона...