05.04.2022

Потврди го своето учество до петок!

Акцијата продолжува: Третиот квалификациски турнир од 3х3 лигата закажан за в сабота!

Најдобрите баскетџии кои оваа сезона се пријавија за учество во втората зимска 3х3 лига повторно ќе имаат шанса да си ги одмерат силите. Овој пат во рамки на третиот квалификациски турнир закажан за претстојната сабота (9. април) со почеток во 11:00 часот во СРЦ Кале.

Признанијата од првите два квалификациски турнири заминаа на контото на баскетџиите од Кино Влае, првиот одржан пред крајот на 2021 година, а вториот кон крајот на месец март. 

Екипите да го пријават своето учество до крајот на тековната седмица (8. април).

* Секој квалификациски турнир ќе има награден фонд од 200 евра за првопласираната екипа односно 100 евра за второпласираната екипа. Наградниот фонд за финалниот турнир е десеткратно поголем односно 2000 евра за шампионот, 1000 евра за второпласираната екипа како и 500 евра парична награда за третопласираната екипа. Дополнително, шампионската екипа ќе добие и слот за учество на 3x3 Challenger турнир.