Одлично прво полувреме, водство, па дури може да се каже неочекувано (35:27), егал резултат до крајот на третата четвртина, и само три постигнати поени во последната – која и го даде конечниот победник на дуелот во СРЦ „Кале“.
На крајот, веројатно и нереални (71:47) за Германија, кои сепак, не носат разочаруавње кај селекторот Александар Ашаданов.
Напротив...
„Најголема честитка ќе упатам до моите девојки кои се издигнаа и покажаа дека можат да играат против најдобрите во светот. Гледам голем квалитет во нашиот тим. Знам дека можат, можеби проблем е кратката ротација која не ни дозволува да играме во ист ритам во текот на сите 40 минути.
Противниците се малку поподготвени бидејќи се навикнати да играат среда-сабота. Тоа се виде во последната четвртина кога ја загубвме силата и постигнавме три, а примивме 25 поени.

Можам да кажам дека Мерит Хемпе е одлична личност, натпреварот против Белгија не е мерило бидејќи не беше вклопена во тимот, а и играше против некои од најдобрите кошаркарки на нејзината позиција во светот. Сигурен сум дека во февруари ќе биде многу подобро“- очекува Ашаданов во оној последне квалификациски прозорец.