И покрај поразот, на крајот и убедлив во дуелот со селекцијата на Белгија, нема место за незадоволство во нашиот стручен штаб кој го предводи селекторот Александар Ашаданов.
И Ашаданов и неговите асистенти, па и кошаркарките кои ги одбра за овој трет ФИБА „прозорец“, знаеја со кого имаат вечерва работа во СРЦ „Кале“.
Публиката во Скопје која дојде да го проследуи овој натпревар „во живо“ виде една од моментално најквалитетните селекции не само во Европа, туку и во светот.
„Најпрво, сакам да ѝ посакам на Белгија среќа на ЕП, според мене, тие се една од топ-3 екипите фаворити кои можат да го освојат шампионатот. Девојките го дадоа максимумот, се вложија колку што можат по она исцрпување во БиХ да се дојде до таа посакувана победа, а потоа целиот тој пат со автобус. На тој дуел, пет играчи играа 39 минути. Исто така, тука в Скопје беше и квалитетот на противникот. Можеби резултатот е голем, но девојките не се откажаа и дадоа отпор колку што беше во нивна моќ. Дури и да бевме во комплетен состав, Белгија ќе беше пресилен противник за нас. Се надевам дека победата во овие квалификации и целиот циклус ќе бидат мотив за сите понатаму и за помладите кои треба допрва да ни се вклучат во процесот на надградба на сениорската репрезентација“ – потенцира Ашаданов по завршувањето на овој квалификациски циклус за Евробаскетот во 2023 година.