27.12.2022 Втора година по ред е најдобриот тренер во женска сениорска конкуренција... Во моментот е предводник на нашиот сениорски женски национален тим, и е прв тренер на скопски Вардар, која е една од водечките екипи во овој момент во домашниот шампионат. Лани беше носител на шампионската титула, оваа се обидува да го направи истото и со екипата од „Кале“. Но тоа не му посмета и по втор пат по ред да биде прогласен за најдобар тренерот во женска сениорска конкуренција. „Најпрво, огромна благодарност до Кошаркарската федерација и челниците на Вардар кои во изминатиот период ми дадоа голема поддршка. Ако минатата година наградата ми претставуваше чест и задоволство, оваа година таа ми дава обврска да го задржам нивото и континуитетот и да придонесам и помогнам за развојот на женската кошарка“- кажа Ашаданов на церемонијата на прогласување на најдобритое во македонската кошарка за 2022 година.