09.02.2023

„Овие девојки се феномен, сам по себе. Се издигнаа над сите невољи, и со ваква, кратка ротација совладаме една ваква топ-селекција

Александар Ашаданов по победата над БиХ: „Овие девојки имаат срце, големо како планина“

Веруваа, се надеваа, успеаа во тоа. Кога беа отпишани, покажаа дека знаат, дека можат... Вечерва, Македонија ја победи БиХ, и тоа на гостински терен во Сараево, со минимални, но за избраничките на селекторот Александар Ашаданов, големи (68:66).

„Мислам дека со прикажаното, апсолутно и ја заслуживме оваа победа. Многу важна, голема, огромна. Ова е наградата за се што вложивме во изминатиот период. Потајно се надевавме, веруваа девојките, верував и јас, веруваа и моите соработници во стручниот штаб, дека можеме да изненадиме во Сараево. Го направивме тоа, со комплетен македонски ростер, без помош на натурализиран играч, што исто така е голема работа!

Секоја чест за овие девојки кои го оставија срцето на теренот. Имаат срце, големо како планина. Покажаа дека треба да се верува во нив. Добро знаете со какви проблеми се соочувавме не само пред овој ФИБА прозорец, туку и на претходните два. Ниту еднаш не игравме во состав кој сакав да го имаме. Така беше и сега во Сараево. Но реков, овие девојки се феномен, сам по себе. Се издигнаа над сите невољи, и со ваква, кратка , домашна, ротација успеавме да совладаме една селекција која беше во горниот дел на табелата на Светското првенство, која е постојан учесник на Европското.

Ова е мотив да работиме уште повеќе, макар што немаме многу време за одмор. Веќе во недела следува уште една тешка битка, во Скопје доаѓа Белгија, која веќе ја покажа својата моќ. Но за тоа потоа, малку да се израдуваме на оваа голема победа, па потоа ќе мислиме како против најдобрата селекција во групата“- коментира Ашаданов по првиот успех во квалификациската група „А“ за пласмна на ЕП 2023.