Очигледно, не беше задоволен од изданието на нашата селекција селекторот Александар Ашаданов, по високито пораз во дуелот со Украина.
Украинската селекција доминираше против Македонија во дуелот од третото коло од квалификациите од „Г“ групата по кој остануваме без реализирана победа.
Како клучен фактор за поразот селекторот на нашата женска сениорска репрезентација го наведува оној „физички момент“ и тоа како на страната на украинската репрезентација.
„Најпрво, сакам да и честитам на противничката екипа и да им посакам среќа во понатамошните натпревари. Клучен момент на натпреварот е физичката игра. Сепак, ова е натпреварување каде контакт-играта е една од најважните работи. Ние не возвративме на противничката екипа како што тоа тие го правеа во текот на целиот натпревар. Оние 11. офанзивни скокови на полувремето се премногу доколку сакаш поволен резултат.
Но ќе го оставиме ова позади себе, ќе анализираме и со бистри глави ќе се подготвуваме за следниот противник. Знам, и уверен сум дека ова не е најдоброто од нас“- коментира Ашаданов.