Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, е нов шеф на стручниот штаб на екипата на Кожув, откако постигна договор со раководството на прволигашот од Гевгелија
Пред извесен период, Јончевски си замина од Косово каде беше на комрилото на екипата на Трепча од Митровица.
За Јончевски ова ќе биде своевиден „камбек“ во Кожув, затоа што ја водеше екипата од 2018 до 2021 година.
Потоа работеше во Гостивар, а претходно беше предводник од клупата и на екипите на Спартак Суботица и МЗТ Скопје Аеродром.
Досегашниот предводник на Кожув, Апостоли Апостолов останува во стручниот штаб како асистент на Јончевски. Поранешниот виешампион на Македонија се прегрупира и засили последните два месеца, донесе неколку квалитетни странски засилувања и со селекторот на клупата ќе се обиде да остане во зоната која води во разигрувањето за титулата.