27.10.2022 Ќе продолжи со работата со машката сениорска репрезентација на Македонија Освен како селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија, во наредниот период Александар Јончевски ќе има уште една работна обврска, да биде шеф на стручниот штаб на екипата на Трепча. Јончевски постигна договор со клубот од Косовска Митровица кој важи до крајот на натпреварувачката сезона 2022/2023. И тоа ќе биде негов нов клупски ангажман по пауза од неколку месеци откако си замина од кормилото на екипата на Гостивар. Во исто време и уште еден меѓународен во неговата тренерска кариера откако во 2017 година го предводеше суботички Спартак.