27.02.2022

„Не сум разочаран, но секако можеше да биде подобро“ - гласи кратката анализа на в.д. селекторот по поразот од Грузија (65:79) во Скопје

АЛЕКСАНДАР ЈОНЧЕВСКИ: „Не можам да се пожалам, имавме одлични моменти во играта“

 

Александар Јончевски во улога на селектот на сенироски тим на Македонија и на вторито меч против Грузија, смета дека скопското издание беше далеку подобро од она на гостувањето во Тбилиси. Но останува жал, што не успеавме да одиме до крај, да славиме победа над квалитетниот противник.
„Уште еднаш противникот освои заслужи победа, но и ние имавме одлични моменти во играта, така што не можам да се пожалам. Сакам да им честитам на моите играчи за борбеноста, почитта кон националниот дрес во овој ‘прозорец’. Можам да кажам дека споредено со првиот натпревар имавме подобар одговор на целокупната игра на противникот, иако не можевме да го контролираме скокот од наша страна. Имавме отворени шутеви и нереализирани шанси, ова не е најдоброто од нас, но не можам да кажам дека не сум задоволен од овие играчи. Имавме само шест поени од клупа, не сум разочаран, но секако можеше да биде подобро“ – коментираше Александар Јончевски по вториот поразз од Грузија во овие светски квалификации.