Македонија е на вистинската патека во вториот круг од претквалификациите за Евро-шампионатот кој ќе се одржи во 2025 година. Во три одиграни натпревари, имаме исто толку победи.
Првиот „круг“ од групата „Д“ го завршивме на идеален начин, со победа против директниот конкурент за првото место, селекцијата на Норвешка. Во Гевгелија, ги задржавме скандинавците на неверојатни 36 поени, па сега со уште поголеми мотиви нашите момци го чекаат и неделниот натпревар. Против уште една земја од Скандинавија – Данска, во дуел кој е закажан од 19.часот, во салата „26.април“ во Гевгелија, со директен пренос на Sportklub 1 HD, спортскиот канал.
„Очекувам цврста игра против Данска и не треба да нè залажува фактот дека ги победивме на гостински терен. Разговаравме со момците, ни требаат свежи глави за да ја завршиме втората третина од овој циклус. Било каков кикс ќе не врати подолу. Во овие неколку денови се подготвуваме доволно и ветувам исто добра игра како и онаа против репрезентацијата на Норвешка“- вели селекторот Александар Јончевски.
Додава предводникот од клупата на нашиот национален состав уште нешто пред утрешниот дуел против селекцијата која ја добивме на гостински терен (73:70), со онаа неверојатна тројка на Ненад Димитријевиќ, кого публиката во Гевгелија нема да го види ниту на оваа средба.
„Не гледам некој изразит фаворит во овие четири селекции кои се во нашата група. Ќе ги анализираме Данците максимално, и исто така подготвени ќе се обидеме да бидеме максимално успешни и воовој ноемвриски ‘прозорец’ на ФИБА“.