Македонија слави голема победа во Сосновиец. Убедливо е победена Полска (96:71), за голема радост во нашиот табор, апсолутно заслужено со она што нашите момци го прикажаа во овие 40.минути од средбата во овој полски град.
Особено кај селекторот Александар Јончевски, кој не го криеше задоволството од прикажаното на овој натпревар:
„ Двете екипи влегоа со голем респект, особено по поразите во стартното коло. Знаевме дека играме против еден голем, против еден сјајен тим како што е Полска. Можеби ризикувавме со шутот од далечина, како на пример со Балцеровски, но тоа беше дел од нашите тактички замисли кои донесоа резултат. Честитки до сите мои играчи без оглед на тоа дали некој играше една или 39 минути.
Двата тима имаат големи индивидуалци, но решава тоа кој е подобр во моментумот кој со себе го носи мечот. Сите инволвирани во ова, од моите асистенти, до медицинскиот персонал се заслужни за ова.
Драго ми е што сеуште имаме шанси за пласман на Евробаскетот. И ќе продолжиме да ги бараме своите шанси за тоа, да бидеме во тоа друштво. Ова е апсолутно заслужено“- потенцираше Јончевски на прес-конференцијата по мечот во Сосновиец.