07.09.2024 Европско првенство до 16 години, мажи Активностите за лето 2024 година ги заокружи кадетската репрезентација на Македонија со настап на Европското првенство за кошаркари до 16 години кое во периодот од 8. до 17 август се одигра во Скопје. Репрезентацијата ги започна подготовките на 4. Јули, 2024 година. Со свое видување за текот на подготовките, настапот на Европското Првенство и тимот излезе предводникот на репрезентацијата до 16 години, Александар Јованчев. „Во декември 2023 бев повикан од страна на спортскиот директор при што ми беше понудена селекторската позиција за кадетската репрезентација.Имав предлог да направиме 2 селективни собири и тоа првиот во Јануари и вториот во Јуни.Предлогот беше прифатен.Веднаш потоа го утврдивме датумот за почеток на официјалните припреми.Во најкус можен рок веќе ги знаев и противниците за пријателските натпревари вклучувајќи го и традиционалниот турнир во Гевгелија. Поради одржување на европското првенство во Скопје до 18 години немавме простор да тренираме во матичната сала во вториот дел од припремите, но федерација ни обезбеди 10 дневен престој во Негорски бањи што беше и еден вид на карантин пред самото европско првенство.Имавме можеби и перфектни услови за работа и одмор. Речиси се што побаравме ни беше обезбедено.Имавме одлична исхрана што е многу битно во напорниот тренажен процес. Ова натпреварување и воопшто собирот за оваа генерација не е прв. Претходно оваа генерација во претходните години имаше учество на неколку меѓународни турнири како дел од проектот на федерацијата "заедно до 16 години" вклучу вајќи го и Словенија бол во 2022.Од тука сметам дека имавме база за да направиме добра хемија. Нормално е дека не е секогаш идеално, но сметам дека направивме голем чекор напред од првиот пријателски натпревар до првиот натпревар на Европското првенство. Сите мали недостатоци кои се појавуваа во текот на припремите брзо ги решававме без разлика дали се работи за административен проблем, проблем во сала или нешто во надлежност на високото раководство на федерацијата. Апсолутно сите беа достапни и експедитивни со цел да имаме што е можно подобро услови. Веќе еднаш напоменав дека овој резултат е далеку од неуспех.Сметам дека немавме доволно спортска среќа.Системот е таков да со 3 победи и еден пораз не успеавме да поминеме понатака.Но е показател дека има нешто вредно во оваа репрезентација и дека истата треба да продолжи да се негува како и до сега“ - заврши селекторот.