07.08.2024

„Но, ќе одиме чекор по чекор во реализација на плановите“ - вели селекторот пред премиерниот меч на шампионатот, утре вечер, против Украина

Александар Јованчев пред почетокот на ЕП во Скопје: „Првата цел е да се помине групната фаза“

Еуфоријата по феноменалниот резултат кој го остварија нашите јуниорски репрезентативци, сеуште не стивнува. Но, како одминуваат деновите, така „топката“, полека, но сигурно, се префрла на страната од игралиштето на која се наоѓаат нивните, условно и временски кажано, помлади колеги од репрезентацијата „Под 16“ години.

Онаа која од 8. до 17.август ќе биде дел од Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ќе се игра во Скопје, и која ќе треба да истрае во обидите да се стигне до што е можно подобар резултат.

Селекторот на кадетската  репрезентација на Македонија, Александар Јованчев со кратка анализа на сработеното во изминатиот месец од подготовките за настап на ЕП:

„Веќе одамна сме влезени во последната фаза од подготовките за претстојното  кадетско Европско првенство. Поминавме одличен период на подготовки. Особено тоа се однесува на последните десет дена во кои бевме изолирани во комплексот Негорци. Тоа е период во кој одигравме четири натпревари на кои остваривме три победи и еден пораз. Сметам дека екипата покрај тактичкиот напредок во овој период изгради и тимски дух, како и позитивна енергија, што на вакви кратки турнири може да биде од големо значење“.

Првата и основна цел на шампионатот, како што вели Јованчев, е да се биде меѓу првите две репрезентации кои се дел од групата „Д“, а во која освен нашата се уште и репрезентациите на Естонија, Украина, Австрија и Шведска

„Првата цел е да се помине групната фаза, но ќе одиме чекор по чекор. Сметам  дека групата е доста квалитетна. Се работи за репрезентации кои се во самиот врв на Европските првенства од ‘Б’ Дивизија “.

Нема да биде нималку лесно, ако се земе в предвид дека со оглед на оние играчки карактеристики на 12 кошаркарки кои ги одбра селекторот, евидентно, ќе имаме „недостиг на сантиметри“

Имаме проблем со висината, практично и немаме играч на високите позиции. Ние тоа добро го знаеме од почетокот, и работевме на тоа како да ја контролираме скок-играта. Имаме недостатоци, но истите може да ги надополниме само доколку имаме вистинска желба за победа“- смета селекторот пред почетокот на шампионатот во Скопје, закажан за утре вечер, кога од 18.30.часот Македонија ќе игра против Украина. 

СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Останува непроменет кога станува збор за оваа возрасна категорија, односно „Б“ сегментот од Европските првенства.

Вкупно 22. национални селекции кои ќе бидат присутни на првенството во Скопје, се поделени во четири натпреварувачки групи. Две од нив со пет селекции (ги очекуваат по четири натпревари), а уште две во кои има „сместено“’ по шест репрезентации (ќе играат пет натпревари).

Согласно пласманот, прво пласираните две селекции по крајот на првата фаза обезбедуваат пласман во четвртфиналето. Екипите кои ќе бидат на третото односно четврттото место, ќе се борат за пласман од 9. до 16. позиција, додека пак оние кои првиот дел ќе го завршат на петтата, односно на шестата позиција, влегуваат во битки за место од 17. до 22.позиција во крајниот поредок на памоионатот во Скопје.

Првата, групна фаза, ќе се игра во периодот од 8. до 13.август, ќе има и еден слободен ден, на 11.август.

По вториот слободен ден на првенството, односно на 15.август, ќе се играат четвртфиналните натпревари. Еден ден подоцна, на програмата е полуфиналето.

А новиот победник во „Б“ Дивизијата за кошаркари „Под 16“ години ќе го добиеме на 17.август, кога ќе се одигра финалниот натпревар.

МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОБАСКЕТОТ ВО СКОПЈЕ

Ѓорѓи Цветковски бек 186см.

Павел Ѓиновски            бек-шутер    186см.

Дамјан Данев    крило 202см.

Дино Беговски  крило/центар         199см.

Алмир Ештрефи            бек-шутер    187см.

Григориј Ѓорѓевиќ        бек-шутер    190см.

Кирил Петковски          бек     179 см.

Филип Сребров бек-шутер    188см.

Љубен Ефтимовски     бек     187см.

Жарко Терзиевски     бек-шутер    189см.

Дамјан Стојановски  крило 192см.

Алексеј Нешовиќ       силно крило           203см.

СЕЛЕКТОР: Александар Јованчев

АСИСТЕНТ-ТРЕНЕР: Дејан Србиновски

КОНДИЦИСКИ ТРЕНЕР: Филип Босилков

ФИЗИОТЕРАПЕВТ: Розета Ристоска

ДОКТОР: Марија Божиноска

 

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: БиХ, Португалија, Унгарија, Швајцарија, Белгија

ГРУПА Б: Холандија, Исланд, Чешка, Луксембург, Црна Гора, Кипар

ГРУПА Ц: Романија, Словачка, Велика Британија, Ирска, Данска, Норвешка

ГРУПА Д: Естонија, Украина, Шведска, Австрија, МАКЕДОНИЈА

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ГРУПА „Д“

8.АВГУСТ (ЧЕТВРТОК)

18.30: Украина – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/lR1QULv7xwM?si=_INBfm0vkfmWwmVr

18.30: Австрија – Шведска

Естонија - слободна

9.АВГУСТ (ПЕТОК)

16.00: Естонија - Австрија

18.30: Шведска – Украина

МАКЕДОНИЈА - слободна

10.АВГУСТ (САБОТА)

13.30: Украина - Естонија

18.30: МАКЕДОНИЈА - Шведска

Австрија - слободна

11. АВГУСТ (НЕДЕЛА) – СЛОБОДЕН ДЕН

12.АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.30: Естонија - МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/CWgalAAXoWw?si=eIFoCYYgKJQ2Gt-q

21.00: Австрија – Украина

Шведска - слободна

13. АВГУСТ (ВТОРНИК)

16.00: Шведска - Естонија

18.30: МАКЕДОНИЈА - Австрија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/6q6DGQHQL10?si=jTDxH3jNJCPbUBjf

Украина - слободна

*Нашата репрезентација „Под 16“ години, своите натпревари во првата фаза од првенството ќе ги игра во салата на СРЦ „Кале“