27.05.2024

Професорот Кукриќ денеска ќе зборува на темата „Планирање на мезоциклус во подготвителниот и натпреварувачки период во кошарката“

Александар Кукриќ со ново едукативно предавање за македонските тренери

Како своевидно продолжение во едукацијата на тренерите за физичка и кондициска подготовка, односно оние стручни лица во кошаркарскиот спорт во оваа насока, поврзана со што е можно подобра подготвеност не само на клубовите, туку и оние индивидуалните, Македонската кошаркарска федерација ќе организира уште еден мини-тренерски семинар.

По втор пат за кратко време, во улога на гостин-предавач ќе биде професор Александар Кукриќ, човекот кој претходно беше задолжен за кондициската подготвеност на нашиот сениорски национален тим, а сега работи со групата на најталентирани млади кошаркари во Македонија, ќе се посвети на темата:

„Планирање на мезоциклус во подготвителниот и натпреварувачки период во кошарката“.

Повикот за овој собир, кој ќе биде реализиран денеска, во салата на СРЦ „Кале“, со почеток од 18.часот, важи и за тренерите за физичка и кондициска подготовка во сите сениорски рангови на натпреварување.

Семинарот е бесплатен, а поканата важи до сите заинтересирани кои се пронаоѓаат себеси во овој сегмент од кошаркарскиот спорт.