17.05.2021

Александар, ти благодариме за сè!

Александар Милојевиќ ја заврши својата судиска кариера

На завршниот турнир од националниот Куп „Благоја Георгиевски Буштур“, раководството на Кошаркарската Федерација му се заблагодари на Александар Милојевиќ испраќајќи го во ’судиска пензија’.

Милојевиќ има богата кариера зад себе, како во границите на нашта држава така и во ’меѓународни води’ делејќи ја правдата на кошаркарските терени ширум Македонија, но и ширум Европа под значката на ФИБА. Тој ја завршува својата кариера како арбитар, но продолжува да работа во кошарката како Комесар за натпреварување при КФСМ.

„Жалиме што повеќе нема да го гледаме во судискиот дрес, но драго ни е што ќе продолжи и понатаму да работи во насока на развивање на млади судии кои ќе го наследат судејќи одговорно, чесно и непристрасно“ – велат неговите колеги од Судиската Комисија.