27.12.2022 Најдобриот тренер во машка сениорска конкуренција за 2022 година Му го донесе на МЗТ Скопје толку посакуваниот пласман во најсилната јадранска конкуренција. Ја „потврди“ шампионската титула со екипата од Аеродром, го донесе во лидерското место во домашниот шампионат и во оваа сезона... И повеќе од доволно оние кои имаа право на глас да се определат, а федерацијата да потврди дека Александар Петровиќ е најдобриот тренер во машка сениорска конкуренција за оваа 2022 година во конкуренција на Марјан Илиевски од Пелистер и Боро Смилковски, предводникот од клупата на скопски ТФТ. „Благодарам на сите, ви посакувам се најдобро во новата година и да се гледаме догодина сите заедно, повторно“- искоментира кратко Петровиќ во оваа вечер за славење на најдобрите во македонската кошарка за годината која полека си заминува,