10.06.2022

Сите честитки одат и на адреса на Пелистер

Александар Петровиќ: „Победивме на пет од последните шест натпревари со Пелистер, ја заслуживме титулата“!

Александар Петровиќ беше презадоволен по одигрувањето на финалниот натпревар во сезоната кој на неговата екипа му го донесе и деветтиот шампионски трофеј во историјата.

„Прво, да му честитам на Пелистер и на оваа прекрасна публика за фантастичното финале. Од последните шест натпревари против овој ривал, победивме на пет и мислам дека заслужено ја освоивме титулата.

И пред да дојдам јас, екипата беше одлична, со моите помошници можеби наместивме некои коцки, но тоа сепак беше еден добар колектив кој знае да игра кошарка. Наскоро ќе почнеме со плановите за новата сезона во која ќе се натпреваруваме и во АБА лигата“