28.09.2024 Новиот тренер на Пелистер ги откри причините за поразот во Суперкуп-дуелот со МЗТ Скопје Аеродром Александар Петровиќ не успеа како нов шеф на струката на Пелистер да му го донесе првиот трофеј во сезоната. Како подобар уште еднаш се покажа МЗТ Скопје Аеродром, кој негативата од десет поени во средината на втората четвртина ја „истопи“ до полувремето, а потоа стигна до успех во премиерниот меч од сезоната, оној во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“. „Во првото полувреме одигравме како што се договоривме и тогаш имавме водство. Во вториот дел дојде до пад во играта и концентрацијата, особено во одбраната каде дозволивме да примиме лесни поени, не направивме фаули во вистинско време и тука ги гледам причините за поразот. Им честитам на играчите на МЗТ Скопје, денеска беа подобри од нас. Ова е почеток на сезоната, во вторник нė очекува дуел со Широки Бријег и се насочуваме кон тој меч“- изјави тренерот на Пелистер.