18.02.2021

„Покажавме дека можеме да играме против тим кој е прв на ранкингот на ФИБА“- оценува селекторот

Александар Тодоров по средбата со Италија:„Ова е група која како тим има светла иднина и група на која сум исклучително горд“

 

Александар Тодоров не беше незадоволен од крајниот резултат на средбата со Италија. За него е најважно што овој тим покажа едно сосема поинакво лице во однос на ланскиот февруарски „прозорец“ на ФИБА

„Покажавме дека можеме да играме против тим кој е прв на ранкингот на ФИБА во моментов. Успеавме не само да бидеме рамноправни, туку и да водиме повеќе од 18 минути од мечот. Покажавме тотално поинакво лице во однос на натпреварите лани.

Ова е група која како тим има светла иднина и група на која сум исклучително горд. Ни претстојат уште три натпревари кои ќе бидат многу тешки, но на крајот најверојатно се ќе се сведе на мечот со Естонија в понеделник“.

Тодоров вели дека Димитријевиќ и Вајли би можеле да бидат сериозен тандем, особено што „потекнуваат“ од АЦБ лигата, макар биле во различни клубови во овој момент.  

„Лесно е кога имаш такви кошаркари. Двајцата знаат да играат кошарка и нема проблем да се поврзат заедно. Добро е што имаме уште два меча пред дуелот со Естонија, така што ќе имаат доволно време да се воиграат“- додаде Тодоров.

Прес конференцијата по средбата со Италија на која говореа Александар Тдоров и дебитантот во нашиот тим, Џејкоб Вајли може да се погледне на следниот ЛИНК