29.12.2022

Најдобар македонски судија за 2022 година

Александер Павлов: „Мотив повеќе за мене, своето искуство да им го пренесам на помладите судии“

Во сезоната зад нас, практично беше незамисливо неговото „неприсуство“ на оние најважни натпревари, не само во домашниот шампионат, туку и во националниот Куп.

Со години важи за еден од најдобрите македонски судии. А оваа година ја доби честа да биде дел од финалниот турнир од Балканската лига, да го суди и финалниот натпревар во оваа регинална конкуренција.

Потоа, да биде составен дел од официјалните лица на сите значајни натпревари во оваа година, финале на плеј оф, финале на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“, судија со највисок рејтинг на скоро сите листи каде фигурира Александер Павлов.

„Оваа награда, лично за мене е мотив повеќе своето искуство од кошаркарските терени да го пренесам на помладите судии. За таа цел, а како дел до новата судиска комисија, заедно со мојот колега Игор Митровски , имаме задача да правиме генерација нови, млади судии кои во иднина успешно ќе ја претставувата нашата федерација на наредните меѓународни натпревари. Следејќи ги и гледајќи дел од нив, убеден сум дека сме на вистински пат. Ќе продолжиме со нашата работа“- порача Павлов од говорницата откако го доби признанието за најдобар македонски судија за 2022 година.