27.12.2022

Најдобар македонски судија за 2022 година

Александер Павлов:„Наградата е мотив повеќе, моето искуство да им го пренесам на помладите судии“

Во сезоната зад нас, практично беше незамисливо неговото „неприсуство“ на оние најважни натпревари, не само во домашниот шампион, во националниот Куп.

Со години важи за еден од најдобрите македонски судии. А оваа година ја доби честа да биде дел од финалниот турнир од Балканската лига, да го суди и финалниот натпревар во оваа регонална конкуренција.

Потоа, да биде составен дел од официјалните лица на сите значајни натпревари во оваа година, финале на плеј оф, финале на Купот „Благоја георгиевски Буштур“, судија со највисок рејтинг на скоро сите листи каде фигурира Александер Павлов.

„Оваа награда лично за мене е мотив повеќе моето искуство од кошаркарските терени да го пренесам на помладите судии. За таа цел, како дел од новата судиска комисија заедно со Игор Митровски имаме задача да направиме генерација на млади судии кои ќе нè претставуваат на меѓународните натпревари. Убеден сум дека сите кои се дел од ова во моментов се на прав пат“- гласеа зборовите на најдобриот наш арбитар за оваа година искажани на свеченоста во хотелот „ DoubleTree by Hilton“ во Скопје.