02.02.2020 Најдобрата кошаркарка на Макеоднија за 2019 година, Александра Стојановска стигна до првиот трофеј во новата сезона. Како играч на Фљамуртари, го освои Купот на Албанија. И тоа во натпревар одигран против најголемиот ривал Партизани од Тирана. ,,Среќна сум што успеавме да се избориме за победа во овој натпревар. Тоа е освојување на купот на Албанија. Игравме против екипата на Партизани од Тирана. Една од најквалитетните екипи во оваа лига. На почетокот беше тешко, се играше буквално кош за кош, се додека во второто полувреме успеавме да направиме 20 поени разлика и да ја одржиме до самиот крај. Задоволна сум од нашата игра иако секогаш може подобро“- вели нашата „Санчи“. Ова е втор трофеј за Стојановска во ова играчка средина. Сезоната оди во вистински правец за Александра Стојановска, а до крајот на сезоната,последна цел ќе и биде освојување на шампионската титула.