Крајот на 2022 година, го означи и крајот на престојот на Александра Стојановска како играч на грчкиот прволигаш Гас Евникос.
Нашата најдобра кошаркарка за минатата година, се реши да направи промена на играчката средина, и играњето во грчката лига, да го замени со играње во шпанската, и тоа како играч на второлигашот Маристас Ла Коруња.
Стојановска беше еден од најдобрите играчи во екипата од Атина.
Во досегашниот дел од сезоната нашата искусна репрезентативка одигра 13.натпревари на кои во просек реализираше по 10.3 поени, имаше и по 4.7 скока и 2.6 асистенции за просечни 26.9 минути поминати на теренот.
Стојановска доаѓа во екипа која е во долниот дел од табелата во ЛФ2 лигата на Шпанија, во која од почетокот на сезоната е и уште едно наше репрезентативно име – Нена Трајчевска.