Македонската младинска селекција веќерва ја имае првата проверка на знаењата, и на сработеното во изминатиот период од подготовките. Резултатски, и играчки заврши со победа на противникот, комбиниран состав на универзитетски кошаркари од САД кој настапува под името „Атлети во акција“.
МАКЕДОНИЈА У20 – АиА 85:100
Нашите млади кошаркари подобро го стартуваа првиот официјален контролен меч во подготовките. Во првите пет минути направија и пет поени предност (15:10) Но во наредните пет, му дозволија на противникот од САД да направи серија од (8-0) и да дојде до водство (18:15).
Сите поени во првата четвртина ги дадоа стартерите, Димитровски, Исајловски, Столевски и Митевски (Наумовски остана без поени).
Прв сериозен проблем во играта на нашата млада селекција беше бројот на загубени топки. За нецели 15.минути, загубија дури 12. што беше „видливо“ и во резултатот.
Американскиот универзитетски тим поведе со двоцифрени (33:22) во 15.минута од проверката во СРЦ „Кале“. А на полувреме, предноста на гостинската екипа во која имаше осум кошаркари) беше уште повисока (47:33).
Љубиша Димитровски даде една третина од напите поени - 11.поени.
И беше единствениот со двоцифрен број на поени во нашата селекција „Под 20“ години која на оваа средба имаше 14. кошаркари во официјалниот записник.
Одморот не ги смени многу работите на теренот. Американската селекција од минута во минута потврдуваше дека е далеку поспремна од нашата младинска.
На средината на третата четвртина Американците имаа најголеми (60:39). А на крајот на тој период (79:59).
Третата четвртина се покажа како најефикасна за нашиот младински состав Избраниците на селекторот Тони Симиќ реализираа 26.поени, но примија дури 32., и беа во минус од 20. поени, кој во последните десет минути не успеаја да го симнат на прифатлив.
Утревечер, во истиот термин, од 20.часот, на истото место, салата во СРЦ „Кале“, прва проверка ќе има нашата селекција „Под 18“ години, против истиот противник - „Атлетите во акција“, кои вечерва покажаа дека се во многу подобра физичка и квалитетна форма,