08.06.2025

Кошаркарката на КК Петровски е избрана за најкорисна на собирот на најдобрите во М14 лигата во Битола

Ана Марија Димитровски е МВП на финалниот турнир

Ана Марија Димитровски е прогласена за МВП, односно наајкорисен играч на финалниот турнир од М14 лигата во женска конкуренција кој во изминатите два дена се одржуваше во Битола, а во организација на КК Петровски.

Кошаркарката на екипата-шампион во оваа возрасна конкуренција, прикажа најмногу на двата натпревари во кои КК Петровски стигна до две победи и до златните медали, и сосема заслужено го понесе најголемото индивидуално признание на турнирот.