29.05.2021

Репрезентативката е прогласена за најкорисен играч

Анџелика Митрашиновиќ е апсолутен МВП

Немаше многу дилеми околу изборот на најкорисниот играч не само на овој финален меч, туку воопшто во серијата која го даде новот шампион.

Анџелика Митрашиновиќ е носителот на драгоценото признание за најдобра во оваа последна фаза. Беше вистински лидер на тимот не само на овие четири меча од големото финале, во кое патем кажано, собра 29 индексни поени. Беше на чекор до троен ефект. На 24 поени (20 во првото полувреме), придодаде и 10 асистенции и девет скока. 

Апсолутна доминација на теренот наградена со МВП трофејот кој го додели Спортскиот Директор на КФСМ, Тодор Гечевски.