09.02.2023

„Но и дека може да се носи и со репрезентации кои играат на светско ниво“- потенцира капитенот.

Aнџелика Митрашиновиќ: „Им докажавме на сите дека оваа репрезентација има квалитети“

Aнџелика Митрашиновиќ одигра, што би се рекло, капитенски во овие 40 минути во Сараево, во кои нашата женска сениорска репрезентација стигна до првата победа во квалификациите Евробаскетот 2023 година.

Иако противникот ја постави одбраната, и главниот акцент го усмери кон  нашиот организатор од играта, секако во обидот да ја сведе на што помала бројка на реализации, Митрашиновиќ покажа кој е што е и од каков „материјал“ е направена. Го водеше нашиот состав кон толку посакуваниот триумф во овој квалификациски циклус.

Макар и минимален, но кој многу им значи на девојките во „црвено“.

„Навистина во овој момент немам зборови за да ја изразам својата радост. Пресреќна сум, пред се затоа што го оставивме срцето на теренот, и им докажавме на сите дека оваа репрезентација има квалитети, и дека може да се носи и со репрезентации кои играат на светско ниво.

Сакам да им честитам на сите девојки, за борбата и за фокусот кој го имаа во сите 40 минути од овој натпревар. Стручниот штаб веруваше во нас од самиот почеток, и на крајот сето тоа се исплатеше со голема победа. Најдраго ми е што оваа победа ја остваривме без странец во екипата. И докажавме дека и ние Македонките имаме квалитет.

Само сакам да додадам, дека тука не застануваме, одиме понатаму... Допрва доаѓаат помладите кои исто така покажаа дека заслуѓено се во репрезентацијата“- истакна Митрашиновиќ по завршувањето на средбата во Сараево.