И тоа капитенот на наѓиот женски националне тим го покажува со секој нов натпревар.
На последниот меч, дел од првото коло од втората фаза на WABA, Суперлигата, нашата најдобра кошаркарка стигна до троен ефект.
Екипата на Монтана за која Митрашиновиќ настапува во оваа сезона, славеше убедлив триумф против Орлови од БиХ со (93:61), а нашата кошаркарка постигна 26 поени, 10 скока и 10 асистенции. На сето тоа додаде и пет освоени топки.
Беше убедливо најефикасна на натпреварот на кој оствари индекс 38 и многу извесно, ќе биде МВП на колото во регионалното натпреварување.
Инаку, ова не е прв трипл-дабл во кариерата на Митрашиновиќ. За потсетување, на 29. април, 2021 година, на натпревар од домашното првенство, како член на Баскет Кам 2011, Анџелика постигна 29 поени, а имаше уште и 13. асистенции и 11. украдени топки. И недостасуваа само уште три скока за да оствари историски квадрипл-дабл.