Андреас Заглис, генералниот секретар на ФИБА, сега веќе традиционално, организираше прес-конференција за медиумите на која присуствуваат новинари од целиот свет.
Се разбира, но можеше и да се претпостави, дека главна тема ќе биде потенцијално „влегување“ на НБА во европската кошарка, но и односите со Евролигата, плановите за иднината...
Првиот човек на главната кошаркарска организација, секако, направи пресек на состојбата во изминатата година, во која ги потенцираше рекордите...
Од страна на машката кошарка, имавме фантастични квалификации за Олимписките игри, веројатно и најдобрите во историјата. Самата Олимпијада беше најдобра, соборени се бројни рекорди во Париз. Пред се според бројот на продадените влезници со што е надмината Атланта од 11996 година, иако имаше дури 40.мечеви помалку. Секако, тоа е успех на нашите играчи, но и на организаторот“ – потврди Заглис, и продолжи во исто темпо:
„Гледате дека на паркетот разликата се намалува, фаворитите губат, а она што го видовме во ‘прозорците’, сега се потврди и на Олимпијадата, и во вистинска смисла на зборот секој може да победи секого. Имавме фантастични ‘прозорци’ во февруари, изедначување на календарот...“
Потоа дојдоа на ред прашањата... И прво, колку НБА е сериозна што се однесува на влегувањето во Европа, и која е улогата на ФИБА во сето тоа?
„Ова прашање треба да се постави на НБА. Можам да кажам, како што сте слушнале од тоа место, постои јасен интерес и постојат дискусии со ФИБА. Тоа е дел од нашата работа. Секако имаме разговори и со Евролигата. Нам најважно ни е ФИБА да има константен пристап, сакаме раст на спортот, и да ги заштитите основите на екосистемот, не само поради кошаркарските правила и календарот, туку и поради почитувањето на репрезентациите и националните лиги. Имаме добро развиен систем на домашни лиги и ја штитиме работата не само на неколку клубови, туку на 600 тимови, пирамидата која ја донесе ФИБА кошарката до овде. Во наредните месеци ќе се занимаваме со тоа. Се обидовме сите да бидеме заедно. Нашата работа е да имаме сериозни разговори со нашите НБА партнери“.
Генералниот секретар на Светската кошаркарска федерација се сврте и кон проблемот со новото „НИЛ“ правило, според кое сега и колеџ играчите добиваат пари:
„Ова е растечка загриженост на многумина. Имаме нова група на експерти кои се бават со тоа прашање. Проблем е и за кошаркарите, но и за кошаркарките. Предлагам да го погледнете ФИБА имиграцискиот рапорт.
Во Америка имаме 806 момчиња кои не се од СААД, и дури 828 девојки! Мораме многу внимателно да го гледаме тој тренд. Растот сеуште не е загрижувачки, за некој е добар чекор, но за повеќемината, не е. За квалитетот на нашите лиги секако дека е е добро, не е ниту тоа што го рекоа некои клубови дека не добиваат отштета додека и играчите немаат стабилна академска страна, туку заминуваат поради финансиите. Имаме ФИБА-НЦАА разговори. Но ние сме секундарен регулатор овде, примарен е НЦАА. Мораме да го штитиме ФИБА екосистемот без да им ставаме катанец на играчите. Ќе разговараме за ова на пролет“.
Што се однесува до судиските правила, Заглис беше запрашан дали ќе се промени она според кое тренерите ќе имаат повеќе од еден т.н. „Челенџ“ во текот на натпреварот, олку што имаат во ФИБА светот.
„Разговаравме за тоа. Ги разгледуваме како ова правило се користи во последните година и пол а во исто време добиваме доста реакции од навивачите кои вела дека играта се успорила. Од лигите кои даваат повеќе ‘Челенџ’ добиваме уште повеќе поплаки, дека натпреварите траат два и пол часа. Мораме да најдеме баланс помеѓу добриот продукт за навивачите и исправноста на некои одлуки, Лично, не мислам дека ова правило ќе го прошириме премногу“.
За домаќинството на Евробаскетот во 2029 година се пријавија осум држави. Заглис вели дека апсолутно поддржува Европското првенство да се игра во четири земји, затоа што тоа помага кошарката да се рашири и да дава резултати.
„Имаме повеќе федерации кои можат да организираат, тоа е позитивно искуство од ‘прозорите’, а и им се исплати и на државите. Можам да кажам дека играчите ќе имаат еден ден повеќе за одмор на следниот Евробаскет. Тоа ќе нė чини повеќе, но инвестираме во играчите“.
Ситуацијата, барем засега, нема да се промени во врска со Русија и Белорусија. А во исто време Заглис ја истакнува и важноста на женската кошарка во која се вложува многу.
„За нас првите три години беа во зголемување на бројот, повеќе тренери и судии, сега мораме да се фокусираме на квалитетот. Париз беше фантастична платформа за женската кошарка, со преку 20.000 луѓе на трибините во просек. Сега инвестираме во тренери, сакаме дамите да водат што е можно поголем број на машки клубови. Имаме и повеќе судии-жени на игрите, нашиот однос со ВНБА напредува и чекориме кон тоа да имаме најдобрите кошаркарки и на СП 2026 година во Германија. Некои ѕвезди во женската кошарка се поголеми од некои од машката. Ако женската кошарка не расте и се приближува до машката, нема да станеме лидери во спортот, што е визијата“.
Олимписките Игри во Лос Анџелес се поместени за еден месец порано од вообичаеното. Со самото тоа, квалификациите за игрите „се сместени“ непосредно по завршувањето на сезоната во НБА лигата. Заглис „признава“ дека е „тесно“...
„Тоа е ‘прозорец’ кој МОК им го дава на организаторите. Да, тоа го идентификувавме како проблем заедно со НБА. За тоа зборуваме со Олимпискиот комитет и домаќинот. Немаме друга опција, не можеме подоцна, ниту порано, единствено тогаш. Веќе ги информирав европските лиги, наскоро и светските. Разговорот со НБА е тука, не очекувам токму промени во распоредот. Но ако се во прашање два-три дена... До сега убаво соработувавме. Да не зборуваме за тоа дека ЛА Клиперс би можеле да играат финале во НБА, што е сон на секој навивач таму, во арената која е домаќин на Игрите. Сепка би требало да се каже дека половина од НБА лигата заврпуа во сезоната во април, само два тима доаѓаат до финалето, а таму можеби три-четири играчи кои би биле во квалификациите. Лично, повеќе се грижам за европските лиги, да завршат една недела порано Ќе биде тесно, но добро е што зборуваме за ова во декември 2024 година“ – додаде Заглис.